ЏИНЏЕР И ФРЕД

ЏИНЏЕР И ФРЕД

Амелија и Пипо некогаш биле познати италијански танчери, имитирајќи ги сценскиот стил на светските ѕвезди Џинџер Роџерс и Фред Астер. Триесет години откако се повлекле од сцената, Амелија и Пипо повторно се здружуваат за еден настап во екстравагантна ТВ емисија во живо. Иако ова обединување е во сенка на недостатокот на физичката издржливост на Пипо, нивниот настап сепак е добро примен кај публиката и повторно ја оживува нивната популарност, можеби и за други настапи?

Филмот бил предмет на судски спор, бидејќи агенцијата што ја застапувала заштитената трговска марка на Џинџер Роџерс го тужела продуцентот за кршење на авторски права. Сепак, подоцна таа тужба е отфрлена бидејќи го ограничува „уметничкото изразување“.

ЏИНЏЕР И ФРРЕД освои номинации за „Златен глобус“ и БАФТА, а Мастројани ја доби наградата „Давид ди Донатело“ за најдобар актер. Масина беше најдобра актерка во избор на нејзините колеги во Италија...

Возрасна категорија: 14 години