АЛФА: ПРАВО НА УБИСТВО

АЛФА: ПРАВО НА УБИСТВО

Објективот на Мендоза вешто ја следи војната против дрогата што ја спроведува филипинската влада додека камерата ги следи полициските сили во Манила коишто подготвуваат остри мерки за апсење на Абел, еден од најголемите кралеви на дрогата во градот. Клучни за операцијата се поткупливиот полицаец Еспино и неговиот доушник Илајџа, ситен дилер и доверлив соработник на Абел. Како што тимот специјалци се спушта во сиромашните квартови, ситуацијата брзо ескалира во насилна конфронтација меѓу полицијата и бандата на Абел.
Во хаосот, пред да пристигнат инспекторите на местото на настанот, Еспино и Илајџа набрзина зграпчуваат ранец полн со пари и метамфетамини - започнувајќи синџир на настани кои ги ставаат нивните репутации, семејства и животи на коцка. Со моралната порака што ја содржи, „Алфа: Право на убиство“ ги поканува гледачите да погледнат во мрачниот уличен свет во Манила.
Филмот е снимен на улиците во Манила и понекогаш изгледа како герилски стил, па сликата често има замачкан, матен квалитет, но оваа грубост уште повеќе го зголемува чувството на автентичност.
Снимен на дигитално флуиден начин, што предизвикува вртоглавици, додека камерата брзо се движи низ ходници и опасни кровови, ги прикажува одличните филмски вештини на Мендоза.