БЕЛ, БЕЛ СВЕТ

БЕЛ, БЕЛ СВЕТ

Во оваа прекрасна и брутална драма, згодниот поранешен боксер, сега бармен - Краљ се заљубува во тинејџерката Роса, динамична и нескротлива убавица во српскиот рударски град во распаѓање, Бор. Наскоро, некогаш заводливата мајка на Роса, Ружица, излегува од затвор по седумгодишна затворска казна за убиство на нејзиниот сопруг за да го заштити својот љубовник и открива дека нејзината ќерка паѓа во истите самоуништувачки стапици. Не можејќи да ја поднесе нејзината угнетувачка мајка, Роса бега во големиот град со Тигар, млад зависник од дрога, кој живее со неа, но нив ги следи непопустливиот Краљ. Нивната несудена љубов предизвикува една моќна серија настани кои незапирливо ги водат жителите на Бор кон едно судбоносно и трогателно финале.
Потсетувајќи на класичниот грчки театар, Бел, бел свет е епска, оперска трагедија изведена во остриот пејзаж на распаднатиот рударски град. Континуирано инкорпорирајќи интимни и возбудливи музички солилоквии во една драматична приказна за убиство, зависност и љубов осудена на неуспех, српскиот автор Олег Новковиќ прави една емоционално моќна, формално смела работа – безвременска, но сепак без преседан и сигурно една од најсмелите визии што се појавиле од робусната култура на српската кинематографија.