БИКОВИ (ДЕНГУБИ)

БИКОВИ (ДЕНГУБИ)

Во мало гратче на брегот на Јадранското Море петмина лекомислени и неодговорни пријатели ги поминуваат последните денови од летото во играње билијар и освојување девојки. Кога убавицата Сандра (Леонора Руфо), „пленот“ на еден од пријателите ќе остане трудна по романсата со Фаусто (Фабрици), ситуацијата се комплицира и затоа што таа е сестра на најмладиот од пријателите, Моралдо (Интерленги).  

Под притисок на таткото на Фаусто, организирана е брза венчавка на младите. Моралдо размислува за сопствената егзистенција со одење во голем град, Рикардо мисли дека со неговиот глас-баритон може да направи пејачка или актерска кариера, а Алберто е срамежливо момче без планови во животот... Провинциската идила ќе се распадне кога Сандра со детето ќе се врати кај родителите, а Моралдо ќе го напушти друштвото и ќе замине во Рим.

Наградата „Сребрен лав“ на фестивалот во Венеција за овој филм на Фелини беше пресврт во неговата кариера, но и во кариерата на Алберто Сорди. Интересно, дури пет години подоцна сценариото за филмот беше мноминирано за „Оскар“. Филмот е инспириран од животното искуство на Фелини и е од неговата рана неореалистичка фаза во творештвото.