ВИНОВЕН

ВИНОВЕН

„Виновен“, минималистички дански трилер кој беше вистинско откритие на овогодинешниот филмски фестивал Санденс и е добитник на награда од публика.

Поранешниот полицаец Асгер Холм, по еден неразјаснет инцидент е дискредитиран како диспечер за итни повици. Рутински се јавува на повикот од една жена (Џесика Динаж, која само ја слушаме, без да ја видиме) која се наоѓа во возило во движење и која тврди дека ја киднапирал нејзиниот сопрут. Холм е во трка со времето во обидот да ја најде бидејќи напнатата ситуација секоја минута станува уште потензична. Иако на располагање има само телефон и компјутер, тој е решен да ја спаси жената, начинот и средствата кои ги користи ги минуваат дозволените граници. Возбудлив трилер со пресврти што се одвиваат со полна брзина, не сопира ни за минута, мајсторски ја зголемува тензијата без употреба на вообичаените визуелни средства , и ги принудува гледачите да ја вклучат својата имагинација, со морничаво ефикасни резултати. Воедно се занимава и со една интригантна тема, за моќта што им се дава на луѓето од органите на прогонот како може да доведе до аргонација и насилство.

Публиката воопшто не ја гледа драмата во филмот – филмот паметно ги ограничува доказите на гласови и звуци, како придушени извици или работата на брисачите, додека визуелниот елемент е доловен само низ очите на Холм, а камерата на Јаспер Спанинг ретко го напушта неговото лице. Иако целосно се фокусира на едно лице на филмот не му недостасува акција и адреналин, во што се гледа мајсторството на режисерот.