ВО ЖИВО ОД ДАКА

ВО ЖИВО ОД ДАКА

Дака е градот во кој Сазад дошол како младо амбициозно момче баралќи си ја среќата. Но берзата крахира и тој завршува во долгови. Поради хендикепираноста не може да најде друга работа, а лихварите го прогонуваат. Страда неговата врска со девојка му Рехана, а не може да се разбере ни со брат му, наркозависникот Мајкл. Притисокот на градот е како гол нерв од кој – буквално – се разболува. Уморен од ситуацијата во Дака, аплицира за туристичка виза за да замине во Русија.

Најголемиот дел од филмот се случува на две места: автомобилот на Сазад, кога сцените содржат доста сложени кадри и неговата куќа. Низ сцените во автомобилот, Саад го прикажува урбаниот дел на Дака, а црно-белата камера ги потенцира неговите убавини. Од друга страна, сцените во неговата куќа се тажни и клаустрофобични, бидејќи постојано се случува нешто лошо кога се враќа таму, без можност за спасение. „Во живо од Дака“ е составен од куси сцени снимени со зрнеста црно-бела камера, со што градот е постојано покриен со сива наметка. Саад користи многу интересна техника на монтажа, бидејќи опкружувањето се менува речиси постојано, а секоја сцена е многу кратка, како вињета. На овој начин одржува брзо темпо, што совршено одговара на приказната. Ова го зајакнува чувството на закана и сѐ поголем очај што може да прерасне во бес во секој момент. „Во живо од Дака“, дебитантскиот филм на Абдула Мохамед Саад, е филм со микро буџет, снимен за само 10.000 долари. Тој е најновиот член на новиот бран филмаџии од Бангладеш кои сѐ почесто се застапени на меѓународните филмски фестивали. „Во живо од Дака“ е вешто деби и многу значаен филм, кој особено ги потенцира режијата на Абдула Мохамед Саад и глумата на Мостафа Монвар.