ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ

ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ

Според вистински настан од пред повеќе од една деценија, група крадци го вршат најпознатиот и најинтелигентен грабеж на банка во историјата на Аргентина. Кога полицијата ќе влезе во банката, ќе најдат само оружје, играчки, уплашени заложници и празни сефови, без трага ни од парите ни од крадците.

Ова е една од најпознатите кражби во светот, а водачот и идеологот на грабежот, Фернандо Араухо, е коавтор на сценариото за филмот наречен „Грабеж на векот“, фраза што медиумите во тоа време ја користеле за да ја опишат оваа епизода.

Тимот крадци беше составен претежно од професионални криминалци, но организатор беше аматерот Фернандо, кој ја смисли идејата и беше одговорен за деталите за храбриот и комлициран, но совршено логичен план. Пленот се мереше во милиони долари. Идејата за грабежот ја добил кога сфатил дека со помош на тригонометрија може точно да го најде тунелот што ќе го однесе до трезорот во банката. Неговиот главен мотив не се парите (иако има и етичко објаснување за кражбата: клиентите на банката ќе бидат исплатени од осигурувањето, а во загуба ќе бидат само банката и осигурителните компании), туку самиот потфат.

Она што го прави различен од филмовите од овој жанр е специфичниот хумор, секогаш црн, саркастичен, типичен за аргентинската култура и кинематографија. Во таа смисла, „Грабеж на векот“ има слична филмска ДНК со омнибусот „Диви приказни“ на Даниел Сифрон и е потврда дека аргентинскиот жанр и неговата универзална приемчивост се во одлична форма.