ГРАНИЦА

ГРАНИЦА

Тина е деформирана невклопена жена, лицето ѝ е натечено и со флеки, забите ѝ се испакнати и пожолтени, телото ѝ е обележано со прастари лузни и груби влакна. Таа работи како цариничка во еден крајбрежен шведски град, каде што поради натчовечкото сетило за мирис е ценета членка на тимот. Еден вид на човек-полициски пес, таа може да намириса срам, страв и вина кај патниците. Но надвор од работата, во животот на Тина има трагично малку радост и признание. Емотивно е поблиска со дивите шумски животни отколку со луѓето, се помирила со тоа дека ќе живее како несакан аутсајдер на маргините на општеството. Го запознава Воре, кој исто така е одметник со слично изобличено лице и високо развиено сетило за мирис. Но наместо да се чувствува отфрлено и обезвреднето од околината, Воре е пркосен со својата ѕверска необичност. Помеѓу необичната двојка почнува да расте животинска привлечност и Воре се вселува во малечката куќарка на Тина каде открива експлозивни тајни за нивното заедничко минато. Овие шокантни откритија претставуваат еден вид ослободување за Тина, но откриваат и болни вистини за нејзиното семејство и децениско систематско злоупотребување.
Убавината е во очите на посматрачот на „Граница“, филм што меша различни жанрови, премиерно прикажан во Кан, а адаптиран од данско-иранскиот режисер Али Абаси според романот на авторот Џон Ајвид Линдквист, „Пушти го вистинскиот да влезе“.