Дела од учесници на обуката за Артивизам

Уметноста е една од малкуте работи што навистина може да ги сплоти луѓето. Таа алатка што може да ги искористи ограничените ресурси и да направи нешто евокативно и моќно. Таа може да влијае и да инспирира промени. Таа може да ги надмине политичките и културолошките јазови и еден од најдобрите начини да го искажаме најдобриот и најчовечкиот дел од себе.

Артивизам е употреба на уметносt како ненасилна метода за промена на менталитетот, премостување на јазовите и соочување со важни општествени прашања што предизвикуваат поделени мислења. Идејата е дека уметноста им дозволува на луѓето да сочуствуваат и да се поврзат со другите на емотивно ниво и да ги натера луѓето да чуствуваат за субјектите во уметничкото дело иако не ги познаваат.

Во текот на петдневната обука за Артивизам, осум учесници научија како да го користат методот на Артивизам да ја кренат свеста и да го зајакнат знаењето за човековите права и правата на ЛГБТИК+ заедницата.
Овие инспиративни млади луѓе користеа различни форми на уметност (илустрации, фотографија, анимација, итн.) да ги создадат своите постери.

Нивните креативни дела ќе бидат изложени во фоајето на Кинотека на Македонија, во рамките на Скопскиот филмски фестивал како дел од програмата Денови на квир кино.