ЕЛ ПЕПЕ, ЕДЕН ВОЗВИШЕН ЖИВОТ

ЕЛ ПЕПЕ, ЕДЕН ВОЗВИШЕН ЖИВОТ

Филмот на Кустурица за последниот претседател на Уругвај истражува зошто приказната на Хозе „Пепе“ Мухика е единствена: скромен човек кој стана претседател на земјата и остана верен на своите верувања, а во исто време прифати и промена. Ова е приказна за политички активист и поранешен герилски борец од латиноамериканската левица. Тој се гордее со своето минато, но не се потпира само на тоа, тој е човек кој се осмелува да сонува за подобра иднина.
Во серија интервјуа, Кустурица навлегува во оставштината на Мухика. Филмот ја истражува особената врска што се создава меѓу Кустурица и Ел Пепе, кои се среќаваат да разговараат за значењето на животот од политичка, филозофска, естетска и поетска перспектива. Мухика се навраќа на различни моменти од неговиот живот, од почетокот на неговиот политички активизам и времето што го поминал во затвор, до неговата моментална улога на радикален глобален лидер. Со големо мајсторство и убавина, Кустурица го прикажува ова животно патување, и застанува на одредени клучни моменти во претседателската кариера на Мухика.