Жан-Пол Готје: Фрик и шик

Жан-Пол Готје: Фрик и шик

Жан Пол Готје. Еден од најистакнатите и највпечатливите дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации – кои оваа сезона не се ниту фустани ниту парфем, туку раскошно модно шоу. Документарниот филм „Готје – фрик и шик“ го следи извонредното и амбициозно двегодишно креирање на гламурозното кабаре на Готје за Фоли Бержер (најпознатиот кабаре шоу театар во Париз), што ќе ги внесе гледачите во ексцентричниот и често провокативен свет на овој генијалец. Филмот го следи создавањето и пробите за шоуто во период од шест месеци, што кулминира со премиера на шоуто. Структурата на ревијата ја следи хронологијата на 40-годишната кариера на Готје, а тој многу отворено зборува за својата животна историја која е преточена во самото шоу, што го прави овој биографски филм многу забавен и необичен.
Прикажувајќи го начинот на кој овој дизајнер-визионер комбинира високостилизирана кореографија, оригинална музика, екстравагантни костими и декоративна сценографија во една од најпознатите театарски сали во светската модна престолнина, „Готје – фрик и шик“ го прикажува најдоброто од францускиот гламур преку овој смел и живописен документарец што ги поместува границите на модниот жанр.

* По проекцијата на филмот ќе следи СФФ дискусија: Модата и родовиот идентитет