ЗАСЕГА БЕЗ ДОБАР НАСЛОВ

ЗАСЕГА БЕЗ ДОБАР НАСЛОВ

Обединета Југославија кон крајот на осумдесеттите години: Косово е провинција каде што националистичкиот конфликт меѓу Србите и Албанците е секојдневjе. Двајца љубовници, Надира, млада Албанка и Милољуб, српски работник, ќе се соочат со фанатизам и националистичка омраза. Додека приказната на судените љубовници е во фокусот на сечие внимание, еден режисер ги следи и евидентира низата настани. Развојот на неговиот сопствен љубовен живот и притисокот на неговите продуценти да направат филм за Надира и Милољуб ќе го натераат ликот на режисерот да донесе неколку важни одлуки.