ИЗВЕШТАИТЕ ЗА САРА И САЛИМ

ИЗВЕШТАИТЕ ЗА САРА И САЛИМ

Филмот ја раскажува приказната за две двојки на спротивните страни од израелско-палестинскиот конфликт. Љубовната афера се случува меѓу палестинскиот возач Салим и Израелката Сара, сопственичка на кафуле, во Ерусалим, град поделен по религиозни и етнички линии. Тие двајца живеат на спротивни страни – географски, политички и религиозни и тајно се среќаваат ноќе во комбето на Салим. Аферата добива опасна политичка димензија кога ќе ги забележат на погрешно место во погрешно време, поради што ќе имаат поголеми проблеми отколку распаднатите бракови, а тоа предизвикува и катастрофален тек на настаните. Филмот убавo jа потенцира физичкаta поделба во Ерусалим, каде што Истокот (а уште повеќе окупираните територии) е зона што Израелците претежно ја избегнуваат, освен доселениците што сакаат да го раселат палестинското население. Особено добро е прикажан стравот на Сара кога оди со Салим во Витлеем, оддалечен само половина час, а сепак за неа е како да оди на друга планета. Салим не се чувствува добредојден во Израел; Сара не ја сакаат во Палестина: желбата што ја чувствуваат еден кон друг, едноставен нагон чијашто последица би требало да биде само изневерувањето на брачните завети, за оние околу нив прераснува во изневерување на двете нации.

Оваа психосоцијална драма со елементи на политички трилер вешто ги доловува тензиите, како физички така и ментални, меѓу источен и западен Ерусалим и покажува како општествените норми спречуваат секаква форма на нормализирани односи меѓу Израелците и Палестинците.