Изложба на филмски плакати „100 години Фелини“ – Зоран Кардула

Изложба на филмски плакати „100 години Фелини“ – Зоран Кардула

Зоран Кардула е македонски графички дизајнер и ликовен уметник, препознатлив по својот стил.

Неисцрпен извор на инспирација во неговите дела се бруталистичката архитектура, Арт Деко и Баухаус стилот , Југословенскиот дизајн...

На 09.09.2020 ќе биде отворена изложба на минималистички постери за филмовите на Федерико Фелини по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Изложбата ќе биде поставена во галеријата на Кинотека на Македонија, ќе биде отворена за времетраење на фестивалот. Во галеријата ќе можат да влезат ограничен број на посетители.