ИСКУШЕНИЈАТА НА ДОКТОР АНТОНИО/ БОКАЧО ‘70

ИСКУШЕНИЈАТА НА ДОКТОР АНТОНИО/ БОКАЧО ‘70

ИСКУШЕНИЈАТА НА ДОКТОР АНТОНИО е сегмент од омнибусот БОКАЧО '70 кој ги обедини авторите Фелини, Виторио Де Сика, Марио Моничели и Лукино Висконти (Vittorio De Sica, Mario Monicelli, Luchino Visconti).

Сегментот режиран од Фелини, како и останатите епизоди, се инспирирани од расказите на Џовани Бокачо (Giovanni Boccaccio), ренесансен италијански книжевник од 14 век (современик на Франческо Петрарка/ Francesco Petrarca), најпознат по делото „Декамерон“. Во БОКАЧО '70 секоја епизода се фокусира на сексот, лубовта и заведувањето, но пренесени во втората половина од 20 век, ерата на економскиот развој и културните промени.
Во ИСКУШЕНИЈАТА НА ДОКТОР АНТОНИО, билбордот на кој Анита Екберг провокативно рекламира млеко е големо искушение за доктор Антонио, самонаречен „чувар на јавната пристојност“...

Возрасна категорија: 16 години