КАЗАНОВА

КАЗАНОВА

Самоуверениот и арогантен поет, филозоф, математичар, писател и авантурист Џакомо Казанова е уапсен и осуден од страна на Инквизицијата, „политичката полиција“ на Католичката црква во Средниот век во Западна Европа. За време на издржувањето на затворската казна Казанова се присетува на некои од неговите големи љубовни авантури.

Откако ќе побегне од затворот, Казанова ќе започне да скита низ Европа. Во Париз заведува жени од најразличен профил, но во Лондон ќе биде ограбен од две жени, заради што ќе се обиде да се самоубие со давење во реката Темза. Една жена со џиновски раст и две џуџиња ќе го спасат, и со нив ќе тргне на пат до Рим. Казанова во палатата на лордот Талоу ќе го победи кочијашот Ригето, а облогот е поголем број оргазми во рок од еден час. Неговите авантури продолжуваат во Швајцарија, а потоа во Германија, каде што ќе се сретне со татко му и мајка му...

КАЗАНОВА е снимен според мемоарите „Приказна на мојот живот“ на Џакомо Казанова. Во 1977 г. доби „Оскар“ за најдобри костими (Данило Донати): филмот имаше и номинација за најдобро сценарио. КАЗАНОВА освои и две награди БАФТА.

Возрасна категорија: 16 години