КВИР ФОКУС

Од оваа година „Скопје филм фестивал“започнува со реализација програмата „Квир фокус“ преку која ќе бидат прикажани филмови што одбиваат да бидат невидливи и што смело ќе прераскажуваат приказни што креираат еден нов културен простор. Низ политика на репрезентација преку филмската уметност, фестивалот ќе направи обид да отвори теми кои извираат од квир културата, да преиспитува контексти, искуства и идеи низ филмскиот кадар ида создаде инклузивно место каде што ќе се артикулираат гласови од маргините. И кога тие гласови се чуени, се дава можност да станат дел од култура која менува, култура на отпор која го обликува општеството во кое едни ќе учат за постоењето и прифаќањето на различностите, додека други ќе учат да го заборават досега наученото за да почнат да се сакаат себеси. Без некоја посебна тематска одредница, со неколку филма ќе се обидеме да отвориме теми како што се: репресираната хомосексуалност, себеугнетувањето и скриеноста, отуѓувањето на квир субјектите и нивните идентитети во дигиталниот простор, угнетувачкиот и исклучувачки карактер на хетеронормативните семејни вредности и религијата, па сѐ до приказ на еден провокативен антиестаблишментски радикален лезбејски феминизам.

Во рамки на програмата ќе имаме и промоција на интересна книга што се занимава со апсектите на себеугнетувањето на геј луѓето, а низ предавање и дискусија ќе се обидеме да направиме осврт на квир киното и неговата историја, со излагањата на двајца предавачи и секако, низ дискусијата и мислењата на ценетата публика.

Овогодишниот „Скопски филмски фестивал“ ни нуди можност да го славиме филмот, да ја славиме различноста, да се согледаме себеси и да ги видиме другите. И секако, да најдеме начини преку кои заедничките искуства ќе се испреплетуваат и потпомагаат, а сѐ со цел да учествуваме во градење на простор во кој нема да останеме она што сме, туку би биле многу подобри.

Александар Ковачевски, селектор на Квир програмата

МИЗАНДРИСТКИ

МИЗАНДРИСТКИ

Germany, 2017, 91 min.

Режија/Director: Bruce LaBruce

Улоги/Cast: Susanne Sachße, Viva Ruiz, Kembra Pfahler, Caprice Crawford, Grete Gehrke, Kita Updike

Сценарио/Screenplay: Bruce LaBruce

Кинематографија/Cinematography:  James Carman

Продуценти/Producers: Paula Alamillo Rodriguez, Jurgen Bruning, Sonja Klumper, Bruce LaBruce

Продукција/Production: Amard Bird Films, Jurgen Bruning Filmproduktion

Музика/Music: BunnyCat Productions

Фестивали/Festivals: Berlin International Film Festival

НЕПОСЛУШНОСТ

НЕПОСЛУШНОСТ

United Kingdom/Ireland/United States, 2017, 114 min.

Режија/Director: Sebastián Lelio

Улоги/Cast: Rachel Weisz, Rachel McAdams, Alessandro Nivola, Anton Lesser, Bernice Stegers, Allan Corduner, Nicholas Woodeson, Liza Sadovy, Clara Francis, Mark Stobbart, Caroline Gruber

Сценарио/Screenplay: Sebastian Lelio, Rebecca Lenkiewicz

Кинематографија/Cinematography: Danny Cohen

Продуценти/Producers: Frida Torresbianco, Ed Guiney, Rachel Weisz

Продукција/Production: Element Pictures, LC6 Productions, Braven Films

Музика/Music: Matthew Herbert

Фестивали/Festivals: Toronto FF, Göteborg FF

СТАОРЦИ ОД ПЛАЖА

СТАОРЦИ ОД ПЛАЖА

United States, 2017, 95 min.

Режија/Director: Eliza Hittman

Улоги/Cast: Harris Dickinson, Madeline Weinstein, Kate Hodge, Nicole Flyus, Anton Selyaninov, Frank Hakaj

Сценарио/Screenplay: Eliza Hittman

Кинематографија/Cinematography: Hélène Louvart 

Продуценти/Producers: Brad Becker-Parton, Drew Houpt, Paul Mezey, Andrew Goldman

Продукција/Production: A Cinereach production

Фестивали/Festivals: Sundance FF (Directing Award), London FF, Locarno FF, Stockholm FF, Film Fest Gent

 

 

 

ТЕШКА БОЈА

ТЕШКА БОЈА

Brazil, 2018, 118 min.

Режија/Director: Marco Reolon, Filipe Matzembacher

Улоги/Cast: Shico Menegat, Bruno Fernandes, Guega Peixoto, Sandra Dani, Frederico Vasques, Zé Adão Barbosa

Сценарио/Screenplay: Filipe Matzembacher, Marco Reolon

Кинематографија/Cinematography:  Glauco Firpo

Продуценти/Producers: Filipe Matzembacher, Jessica Luz, Marco Reolon

Продукција/Production: A Vitrine Filmes release of an Avante Filmes, Besouro Filmes

Музика/Music: Felipe Puperi, Rita Zart, Tiago Abrahão

Фестивали/Festivals: Berlin International Film Festival (Teddy Award)