КИСЕЛИНА

КИСЕЛИНА

Рускиот актер и режисер, Александар Горчилин („Ученикот“) стои зад камерата на овој смело синематски и бескомпромисен поглед на современа Русија преку очите на група пријатели во главниот град, Москва. Режисерското деби на Горчилин е за празнината на младешкиот живот и генерациските конфликти меѓу децата и родителите. Филмот нуди модерен поглед во светот на младата руска буржоазија, кои преку секс, дрога и техно, се мачат да најдат надеж и значење во бруталниот свет.
„Ако сакаш да скокнеш – скокни“. Во првата сцена голо момче скока од балконот на неговиот стан, полуден од дрога. Загубата на заедничкиот пријател ќе биде испит за врската меѓу Петја и неговиот најдобар другар Саша. По погребот, тие одат во клуб, а по ноќта исполнета со дрога и алкохол, ќе се најдат на каучот на уметникот Василиск. Тој создава скулптури така што ги потопува скулптурите на татко му од советскиот период во киселина. Киселината од насловот се однесува на корозивната течност што ја користи уметникот. Киселината е, исто така, и вешта метафора за моралниот банкрот кај овие млади, кои буквално се изедени однатре од нивниот декадентен стил на живот без никаква посветеност – се разбира, а за тоа ги обвинуваат родителите. Еден од нив сосема правилно посочува: „Нашиот проблем е што немаме проблеми“.
Филмот е убаво снимен, како слика за посткомунистичка Русија, три децении по колапсот на претходната империја, со елегантни кадри снимени во Москва, при што одлично се искористени урбаните панорами на градот и модерните домашни ентериери.

*  По проекцијата на филмот ќе следи  разговор со публика со актерката од филмот Анастасија Евграфова