КЛИМАКС

КЛИМАКС

Филмот се одвива во 1996 г. и е делумно заснован на вистинска приказна за трупа млади танчари кои се собираат за проба во осамена и празна школска зграда. По незаборавната премиерна изведба осветлена од виртуозниот кинематограф Беноа Деби („Пролетен распуст“, „Влез во празното“) и снимена од Ное лично, трупата почнува целовечерна прослава која преоѓа во кошмар кога танчарите ќе откријат дека пиеле сангрија зачинета со ЛСД. Како што умот на секој од нив почнува да се распаѓа, паранојата вади на површина длабоко вкоренети предрасуди во групата, кои на крај ќе експлодираат во пандемониум. Хипнотички, халуцинирачки и страшен приказ на забава што се претвора во делириум во текот на една ноќ. Следејќи го нивниот пат од прослава до хаос и вистинска анархија, Ное набљудува симпатии, соперништва и насилство во еден колективен психоделичен распад. Со Софија Бутела („Atomic Blonde“) и екипа професионални танчари, „Климакс“ е најдрскиот и највизионерски филм на Гаспар Ное досега.