КРАТКА ПРИКАЗНА ОД ЗЕЛЕНАТА ПЛАНЕТА

КРАТКА ПРИКАЗНА ОД ЗЕЛЕНАТА ПЛАНЕТА

Тројца аутсајдери се другари уште од детство; малтретирани се од други деца, но тоа искуство им помогнало да создадат силна и трајна врска. На Даниела ѝ е скршено срцето, Педро наоѓа мир на подиумот во локалниот квир клуб, но се чувствува неудобно во хетеронормативното опкружување, а транс диско сензацијата Тања постојано е гледана како предмет и малтретирана од мажите што ги среќава. Години подоцна, тие сè уште се непоразено трио што храбро се соочува со животните предизвици. Кога ќе почине бабата на Тања, тие одат во нивниот роден град да одадат почит, да се соочат со тесноумните мештани и да ја откријат тајната на покојната госпоѓа. А тоа е суштество од друг свет, буквално. Па така, „луѓето вонземјани“ додаваат вистински вонземјанин во својата група и заедно го продолжуваат патот. Оваа идеја функционира одлично во филмот, колку и чудно да звучи делот за вонземјанин, а нема ни траги од евтина научна фантастика.
Бидејќи се стоички посветени на својата неверојатна мисија, тројката ги користи заедничките резерви на внатрешна сила и почнува да ја врти ситуацијата во своја корист. Како врската со вонземјанинот да им дала на пријателите натприродни моќи да се борат против предрасудите.
Станува јасно дека оваа комплицирана ситуација е всушност во корист на едноставната молба за толеранција. „Кратка приказна од зелената планета “ е разигран инвентивен филм со големо срце, но пред сè е емотивен и прекрасен.
Добитник е на наградата Теди на овогодинешниот Берлински филмски фестивал.