КУЌА ПОКРАЈ ПРУГАТА

КУЌА ПОКРАЈ ПРУГАТА

Едно српско семејство се сели од Косово на периферијата на градот Краљево. Непосредна причина за напуштањето на својата татковина е тоа што петмина мажи ја силуваат ќерката, која заедно со мајка ѝ се враќа од посета на роднините во Крагуевац, но откако пристигнале со воз ноќта, не сакајќи да се вратат пешки во селото, сопираат еден таксист. Таксистот ги носи во далечното село каде што ќерката ја силуваат пред нејзината мајка. Нејзиниот брат Митар влегува во конфликт со семејството на силувачот, и се присилени да ја продадат куќата и да се иселат. Но животот во новоизградената куќа на периферијата на градот не носи мир. Траумите што ги носат од таму ги следат и на сето тоа се надоврзуваат недоразбирањето и непријателството на новата средина.