ЛОШИ ПРИКАЗНИ

ЛОШИ ПРИКАЗНИ

„Лоши приказни“ се одвива во изолирано предградие на Рим во текот на едно лето, каде што деновите се преточуваат еден во друг. Убавите огради ги делат внимателно искосените тревници, куќите се големи, фризурите се совршени, оброците се обилни, а низ летната идила продираат најцрни човечки фрустрации, слично како во гротеска на Улрих Сајдл. Малата семејна заедница е составена од родители, тинејџери и наставници додека тишината го покрива суптилниот садизам на татковците, пасивноста на мајките и индиферентноста на наставниците. Со фотографија како од бајка, а напишан како за шоу со изроди, филмот го следи животот на група семејства кои ги поврзуваат кревки пријателства и населбата во којашто живеат, а летото се протега пред нив со опасни последици. Со голема актерска екипа, „Лоши приказни“ ги истражува тензиите и непријатните моменти што почнуваат да се појавуваат во главата на децата на прагот на тинејџерството. Летниот мир го нарушуваат далечни или насилни родители, кои се справуваат со проблеми и емоции што децата не можат да ги разберат, но сепак ги чувствуваат последиците од нивните постапки. Филмот ја дава гледната точка и на родителите и на децата, и во двата случаи, преовладува чудно чувство. Очајот на децата експлодира во потиснат гнев кој брзо ќе ги вовлече сите околу нив.

„Лоши приказни“, како што навестува насловот, е мрачен филм за трагедиите и опсесиите на оние што живеат навидум удобен живот во богат и живописен свет. Виртуозно раскажан, овој критички поглед на расипаното човештво доби „Сребрена мечка“ за најдобро сценарио на Берлинскиот филмски фестивал 2020.