МИЗАНДРИСТКИ

МИЗАНДРИСТКИ

„Мизандристки“ е најновиот филм на канадскиот провокатор Брус Лабрус. Луда и откачена комедија, кичерски ноар каков што може да се очекува од таткото на квиркорот. Филмот е фарсична провокација за една лезбијска сепаратистичка терористичка ќелија, „Женска ослободителна армија“, која планира нов светски поредок без мажи, а како главна пропагандна алатка користат лезбиско порно. Некаде во Гер(жено)манија, радикалната женска армија се подготвува за финалната револуција. Жените дискутираат, водат кампањи, менструираат и размислуваат за падот на патријархатот, учат за истополова репродукција и имаат секс. Но тогаш се појавува млад војник, кој бара засолниште во феминистичкиот манастир. Во вештите раце на Лабрус, она што би можело да биде вистинска кашканица е спакувано во еден убав пакет. Тој е свесен за современата родова политика и од својата феминистичка утопија создава критика на есенцијалистичките ставови, дури и кога им оддава почит на проблематичните феминистички идеали.

Уникатната естетика на Лабрус е повторно успешна, од костимите до кинематографијата тој го покажува својот афинитет за боја. И кај актерите, приоритет над сè друго е визуелното, за Лабрус глумата од Б-филмовите е најважна, секое лице е впечатливо на свој начин, од премногу кармин, пирсови на лицето до необичните фризури.
Лабрус остава простор за слоевита критика на родовиот есенцијализам дури и кога ја слави оваа утопија без мажи, што го прави филмот нешто повеќе од ласцивна премиса. Саркастичен, многу смешен и најквир што може да биде.