ОСУМ И ПОЛ

ОСУМ И ПОЛ

Режисерот Гвидо Анселми (го игра Мастројани) лежи во болница и се одмора пред почетокот на снимањето на неговиот нов филм, но сонува вознемирувачки случки. Го посетуваат пријателот со љубовницата, кои се љубопитни за тоа кога ќе ја започне реализацијата на новиот филм. Гвидо има проблем со инспирацијата и има креативна блокада. Сè уште не е сигурен околу содржината на филмот, а згора на тоа има нерасчистени односи со две жени: сопругата Луиза (Кардинале) и љубовницата Карла (Мило).

Под притисок на продуцентите и медиумите, но и сомнежот на критиката дека е во криза, Гвидо ќе започне со снимањето на филмот без конечно сценарио, но ќе почне да доживува халуцинации и сеќавања на неговата младост. Реалноста ќе почне да му се преплетува со соништата, а минатото со сегашноста...

ОСУМ И ПОЛ има автобиографска нишка, а насловот го добил затоа што Фелини дотогаш имал снимено седум и пол филмови: шест долгометражни, два кратки и еден во соработка со Алберто Латуада. Пред почетоот на снимањето Фелини, како и протагонистот во самиот филм, немал конечно сценарио.

Во 1964 филмот имаше пет номинации за „Оскар“, а ги доби наградите за најдобар странски филм и костимографија. Забележа и номинација за БАФТА, како и Гран при на фестивалот во Москва. ОСУМ И ПОЛ се смета за еден од најважните филмови на Фелини, но и на светската кинематографија воопшто.


Возрасна категорија: 16 години