ПОСЛЕДНИТЕ КАМБАНИ

ПОСЛЕДНИТЕ КАМБАНИ

Еден старец, единствениот жител во едно напуштено село, оди во црква секое утро, не само да запали свеќа и да се помоли, туку и да комуницира со пријателот, последниот жител на другото село. Тоа го прават на прилично необичен начин. Комуницираат преку црковните камбани. Но, еден ден старецот е многу вознемирен кога камбаната од другото село ќе остане нема.

Решава да оди во другото село, каде што ќе го најде пријателот мртов. Ќе го погреба и се враќа на својот секојдневен живот. По некое време, старецот повторно е вознемирен кога вообичаената тишина ја нарушува камбаната од другото село. Всушност, велосипедисти ѕвонат на камбаната додека се сликаат. Старецот бргу трча кон селото, во надеж дека ќе најде некој за разговор. Но, со оглед на годините, добива удар и паѓа мртов на патот. Подоцна, велосипедистите го наоѓаат мртвиот старец, но наместо да викнат брза помош или да се погрижат за телото, тие се сликаат со мртовецот.