ПТИЦИ

ПТИЦИ

Тоа е една од највознемирувачките секвенци во филмската историја: жена оди на прсти низ една куќа додека не го открие крвавото тело на станарот на подот во спалната соба, а очите му се две црни дупки полни со крв.

Тоа е апокалиптична приказна за еден крајбрежен град во северна Калифорнија кој е под необјасниви, произволни и хаотични напади од обични птици – не птици грабливки.
Идејата за „Птици“ е фасцинантна – милијарди птици што одбиваат да јадат и го усвојуваат системот на ловење и колвење во кој цел им се луѓето. Во филмска смисла, Хичкок прави мајсторска работа со овој тежок предизвик, со што овој филм е еден од најуспешните суспенс филмови на тоа време, а можеби и воопшто.

„Птици“ е најапстрактниот филм на Алфред Хичкок, а можеби и најделикатниот, па сепак погоден за нови значења и варијации по секое гледање.