РАЦИЈА

РАЦИЈА

Претходниот филм на режисерот Набил Ајуш беше забранет во Мароко поради тоа што ја прикажуваше проституцијата во Маракеш, во земја каде што цензорите го имаат главниот збор. Со последниот филм повторно погодува во нерв. Во срцето на современа Казабланка, неговата калеидоскопска драма следи пет приказни во период од 30 години кои постепено се преклопуваат и водат кон експлозивно финале. Приказната почнува во 1982 со Абдала, образуван селски учител кој се противи на реформите на исламската влада што ќе му ја сменат наставната програма и ќе ги принудат неговите ученици да зборуваат арапски, јазик што не го знаат. Кога ќе се спротивстави, ја губи работата. Оттука филмот открива како таа една неправда предизвикува бранови во животот на следните генерации, додека религиозната догма почнува да пушта корени. Режисерот потоа не носи во денешна Казабланкаи следи уште четири приказни што имаат скриени врски со оваа мината репресија.

„Рација“ може да се гледа како филм за луѓе турнати до работ од неправеден систем, без оглед на тоа дали неправдата е во форма на сексуална тиранија, антисемитизам или класен конфликт. Се осврнува на теми како феминизам, образование, религиозни закони и слобода на изразување. Ова последното постепено станува главна тема на филмот, со улични протести на гневни млади луѓе кои го заземаат градот, додека неколкумина од главните ликови се приклучуваат на последната секвенца од забавата што завршува со крвопролевање.

Со референците кон „Казабланка“, режисерот прави контраст меѓу романтичниот и бунтовнички дух на филмската класика со Хемфри Богарт и Ингрид Бергман и на модерниот град Казабланка, кој не ги исполнува тие идеали. (Во еден момент со горчина е наведено дека ниту една секунда од „Казабланка“ не е снимена во Мароко). Тој ја идеализира „Казабланка“ како визија за градот што ја посакува, преполн со романтика и отпор, но добро ја чувствува Казабланка онаква каква што е, окупирана од репресивна идеологија.
javascript:void(0);