РЕЈ И ЛИЗ

РЕЈ И ЛИЗ

Познатиот британски уметник и славен фотограф Ричард Билингам најмногу е познат по серијата впечатливи фотографии од неговото семејство во нивниот социјален стан надвор од Бирмингем. Фотографиите веднаш постигнаа успех кога беа објавени во 1996 г. Филмот е дел од фотографскиот и видеоопус на уметникот фокусиран на семејството, што го започнал во средината на 90-тите. Билингам го доловува животот во депресивните социјални станови во ерата на Маргарет Тачер.
Инспириран од сопствените спомени за ова долгометражно филмско деби, тој реконструира три епизоди од неговото детство и се навраќа на ликовите од неговите претходни фотографии – татко му Реј, алкохоличар; мајка му Лиз, дебела и тетовирана; и помладиот брат Џејсон – со серија на секојдневни ритуали без некој хронолошки редослед. Филмот го обележува црн хумор за разни теми, како бракот на неговите родители и искуствата додека растел во сиромаштија во предградијата на Бирмингем. Ги прикажува истите искрени, натрупани простори како на фотографиите и е прекрасно снимен на 16 мм (од Даниел Ландин, „Под кожата“). Шармантно ги доловува потсвесните, суптилни детали како чипканата завеса, шарените килими и впечатливите тапети кои сочинуваат декор од тој период со парадоксална убавина и кичерај, а зрачи со емотивна текстура што се протега низ трите вињети. Наизменично исклучително тажен, шокантен, урнебесен и хуманистички, филмот на Билингам подеднакво зборува за сиромаштијата и очајот како и за спомените, отпорот и малите моменти на милост.
Овој автобиографски бисер е еден од најголемите откритија во 2018 г., освои награди на фестивалите во Локарно, Монтреал и Солун.