РЕБЕКА

РЕБЕКА

Една од најсаканите/најомилените први реплики во филмската историја, а и во литературата („Сношти сонував дека пак отидов во Мандерлеј“), го отвора првиот американски филм на Хичкок. „Ребека“ е филм за насилни врски и за начинот на кој моќта може да се смени во нив – и многу необично, дури и за тоа време – херојот е еден од најлошите злоупотребувачи.

„Ребека“ се разликува од опусот на Хичкок. Без многу суспенс, без убиство, ова е неверојатно нехичкоковски филм на Хичкок. Сепак, иако можеби го нема извонредното мајсторство од неговите подоцнежни дела, како пример на старомодно филмско дело, тоа е ремек-дело.