РЕТРОСПЕКТИВА НА АЛФРЕД ХИЧКОК

РЕТРОСПЕКТИВА НА  АЛФРЕД ХИЧКОК

„Публиката секогаш нека страда што е можно повеќе“ – Алфред Хичкок

Кога ќе се спомне името на Алфред Хичкок, човечкиот ум веднаш си ја доловува музичката секвенца од сцената под тушот од неговиот познат филм „Психо“ и чувството на страв со неа. Мајсторот на суспенсот, режисерот што беше пионер во жанровите хорор и психолошки трилер, Алфред Хичкок стана мајстор за шокирање и ужас со употреба на психолошки методи кои предизвикуваат ваква емотивна состојба кај публиката.

Неговото име е синоним за одреден вид филм, како трилер, мистерија, филм ноар, комедија или суспенс. Изразот „хичкоковски“ не е толку именка колку придавка. Што е тоа хичкоковски? Дури и несвесно да го разликуваме концептот во филмовите на режисерот, ако се обидеме да го доловиме и кристализираме во практична дефиниција, тогаш е малку потешко тоа да се дефинира. „Хичкоковско“ е мистериозен концепт, формиран од филмографија што минува низ ери, жанрови и стилови, кој подеднакво ужасува, забавува и интригира.
Она што е инспиративно кај Хичкок е тоа што сликата и звукот, изведбите, декорот и костимите во неговите филмови се обележани со неговата уметничка личност, стил што е исклучиво негов. Тој ги воспостави модерните стандарди за снимање со камера, а основната идеја е дека режирањето е креирање. Тој ги користеше сите достапни средства за публиката да го чувствува она што го чувствува и ликот.

Денес, кога на располагање ни е најголемиот дел од филмовите на Хичкок, нудиме неколку патеки до срцето на „хичкоковското“. Преку избор на филмски наслови ќе го разгледаме познатиот стил на Хичкок, неговата етерична естетика, мрачните умствени игри, неговите херои и енигматични приказни.

 

 

ЗАДЕН ПРОЗОРЕЦ

ЗАДЕН ПРОЗОРЕЦ

United States, 1954, 112 мин.

Улоги: James Stewart, Grace Kelly, Wendell Corey

ПСИХО

ПСИХО

United States, 1960, 109 мин.

Улоги: Anthony Perkins, Janet Leigh, Vera Miles

ПТИЦИ

ПТИЦИ

United States, 1963, 119 мин.

Улоги: Rod Taylor, Tippi Hedren, Jessica Tandy

РЕБЕКА

РЕБЕКА

United States, 1940, 130 мин.

Улоги: Laurence Olivier, Joan Fontaine, George Sanders

ТУЃИНЦИ ВО ВОЗ

ТУЃИНЦИ ВО ВОЗ

United States, 1951, 101 мин.

Улоги: Farley Granger, Robert Walker, Ruth Roman