Млади артивисти за промена и Женска алијанса: Работилница за правење филм во соработка со Скопје филм фестивал и Денови на квир кино (април, 18-21, 2019)

Работилница - ден 1: четврток, 18-ти април
Претставување и запознавање на предавачите и учесниците.
Презентација на проектот и можностите за финансирање на вашиот филм во рамките на самиот проект.
Практична работа за основните филмски техники и камера.

Работилница - ден 2: петок, 19-ти април
Развивање на индивидуалните идеи за филм и филмски вештини преку различни техники на пишување и брејнсторминг.
Разработка и анализа на специфични филмски фрагменти.
Индивидуална сесии по принципот 1 на 1 обучувач/учесник.

Работилница - ден 3: сабота, 20-ти април
Теории за раскажување и развивање на приказни
Работилница за монтажа

Работилница - ден 4: недела, 21-ви април

Преку комбинирање на стекнатите знаења и вештини од предходните денови, заенички во времетраење од 8 часа ќе креираме краток филм кој ќе биде прикажан на крај на денот.

Обучувачи

Крис Белони (1980) е продуцент и режисер на документарни филмови од
Меѓународниот квир и мигрантски филмски фестивал Амстердам кој го иницирал во 2015 година. Неговиот дебитантски филм „Јас сум геј и муслиман“ беше прикажан на филмски фестивали низ целиот свет. Во 2018 година тој започнува уметнички проекти поврзани со човековите права и ЛГБТК правата во Азербејџан, Јапонија и други земји.
Тој бил дел од жирито на повеќе квир филмски фестивали низ светот, од кои
најскорешните се оние во Монтевидео (Уругвај) и Осло (Норвешка). Во 2018 година го отпочнува проектот Млади артивисти за промена и Денови на квир-филмови во Балканскиот регион.
Нинке Ејсинк (1977) е холандска филмска професионалка и режисерка која самата гиснима своите филмови. Нејзиниот бекграунд е од областа на уметноста (диплома имагистратура по уметност) и филмот (Бингер Филм Институт и мастер-клас задокументарни филмови IDFA). Нејзините документарци беа емитувани на ТВ иприкажувани на бројни меѓународни филмски фестивали. Нејзината работа на ТВвклучува широк спектар на програми, од режирање до снимање на човековите интереси до онлајн серии и вести. Нејзината страст за предавање за филмот ја однесе насекаде околу светот, од Индија до Ирска и Норвешка па се до Холандија.

Салим Салам (1992) е филмски професионалец, писател и истражувач. Неговата работа вклучува моменти од секојдневието истовремено истражувајќи прашања околу еднаквоста, женската еманципација, уметноста и културата, родовите, социјалните рестрикции и интерперсоналните (меѓучовечки?) односи. Неговиот прв краткометражен игран филм (како сценарист), „12 сантиметри“ ја доби наградата оджирито на Француско-арапскиот филмски фестивал во Јордан во 2015 година, додеканеговиот експериментален филм „Копче“ беше прикажан во Националната галерија наликовни уметности во Јордан за време на „Изложбата за ефемерни простори“ во Виена во 2017 година. Во 2019 година, неговиот експериментален филм „Разгледници“ бешеприкажан на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам, на „Денот на Ротердам“.

Ханис Багашов (1999) е филмски и театарски уметник, режисер, сценарист и глумец. Студира филмска режија на Национална академија за театарска и филмска уметност „Крастјо Сарафов“ во Софија, Бугарија. Тој е режисер и сценарист на краткомeтражни филмови „Мишко“ (2018) и „Лица“ (2016) коишто освоија многубројни награди на меѓународни фестивали како што се Награда од публиката на 20-иот YOUKI во Велс, Австрија за „Мишко“ и Најдобар документарен филм и Најдобра кинематографија на Four River Film Festival во Карловац, Хрватска за „Лица“. Ханис исто така ја игра една од главните улоги во филмот на Теона Стругар-Митевска „Кога денот немаше име“ којашто ја имаше својата светска премиера во престижната категорија Панорама во рамки на 67. Берлински филмски фестивал во 2017 година. Покрај филмот, Ханис се занимава и со театар и фотографија.