Скопје филм фестивал и Млади артивисти за промена : Работилница за филм

9-13 септември 2020 

Обуката ќе биде дел од програмата Денови на квир филм на Скопскиот филмски фестивал и ќе ја одржат експерти и филмски професионалци од Stichting Art.1. Оваа обука е наменета за младите активисти кои сакаат да станат филмаџии, ќе ги поттикне да ги продуцираат своите филмови преку обуки и работилници во ИдеаЛАБ, „Комитет“ и преку грантовите на Impact Your Doc.

Во текот на обуката ќе научат се за снимањето филмови, основните филмски и сценаристички техники, монтажа и постпродукција.

Ќе се претстави проектот „Млади артивисти за промена“ како и можностите за финансирање на филмовите. Обуката ќе се одржи од 9 до 13 септември од 10 до 17 часот; работен јазик е англиски; локација „Комитет“.
Обучувачи: Крис Белони и Салeм Саламех од Холандија.

Обуката ја организира Скопскиот филмски фестивал од Македонија во соработка со Stichting Art.1 од Холандија.