САТИРИКОН

САТИРИКОН

Мозаичната структура на овој филм на Фелини е слободна интерпретација на хрониките на Петрониј за животот во Стариот Рим. Двајца пријатели, хедонистите Енклопио и Ашилто, се борат за симпатиите на андрогиното момче Џитоне: кога Џитоне ќе го избере Ашилто, Енколпио ќе се обиде да се самоубие, но ќе се случи земјотрес кој ќе го одврати од намерата.

Енклопие доживува неколку авантури, па повторно ќе се спријатели со Ашилто, и заедно ќе му помогнат на еден човек во киднапирањето на хермафродитскиот бог од храмот. Хермафродитот ќе умре, а Енклопие доживува казна – импонтенција. Сега двајцата пријатели се во потрага по лек.

Потрагата вклучува и битка со Минотаур, со кого се бори Енклопио. Ашилто набргу умира, Енклопио жали по него сè додека не се качи на брод за Африка...

Возрасна категорија: 16 години