СВЕТОТ Е ТВОЈ

СВЕТОТ Е ТВОЈ

Франсоа е ситен дилер на дрога чиј сон е да се смири и да отвори франшиза за лижавчиња во Мароко. Но, неговата амбиција е уништена кога ќе открие дека мајка му (Изабел Аџани), компулсивна коцкарка и искусна измамничка, ќе му ја потроши заштедата со која планира да почне сосема нов живот. Путин, дилер, водач на локалната банда, љубител на кучиња и социопат, му нуди на Франсоа за последен пат да одработи пратка за Шпанија за да заработи пари што му се очајно потребни.
Работите одат од лошо на полошо и излегуваат од контрола кога дилот пропаѓа и сите околу него ќе се вмешаат: неговата сакана Ламја, глупавиот поранешен дедо (Винсент Касел) кој штотуку излегува од затвор, двајца неразделни и неконтролирани гангстери и на крај... неговата гламурозна и манипулативна мајка.
Визуелно софистицирана, ултрамодерна и неочекувано смешна гангстерска комедија со необична смисла за хумор што не штеди никого. Вториот игран филм на Гаврас покажува дека Тарантино е јасен модел за живописната галерија на криминални типови во филмот, кои се изразуваат со дијалози преполни со алузии на поп културата.
„Секси ѕверка“, „Пролетен распуст“ и „Малата мис сонце“ се измешани заедно со фраерски шмек, изгледа како најдобриот филм што Гај Ричи никогаш не го снимил.