СИЛВАНА

СИЛВАНА

Филмското деби ја следи кариерата на раперката во текот на неколку години и е испреплетено со биографски детали со употреба на домашни видеа снимени во средината на 90-тите, кога семејството на Силвана се сели од Литванија во Шведска. Бидејќи е ќерка на мајка Литванка и татко Сириец, културниот идентитет е жешка тема во овој документарец, како и родовиот идентитет и сексуалноста, а режисерот е сведок на врската и романсата меѓу Силвана и поп ѕвездата Беатрис Ели.
Во последниве неколку години Силвана Имам ја освои Шведска, а нејзините бескомпромисни текстови маѓепсаа цела една генерација. Ова е близок и личен портрет на уметник со израз што е поголем од музиката. Во „Силвана – разбудете ме кога ќе се разбудите“ го следиме нејзиниот пат од андерграунд уметник до икона, патување исполнето со успеси, неволји и секако љубов.
Ова е уникатен портрет на пробивот на една уметничка и нејзината борба со улогата на жена за пример и нејзините сопствени очекувања. Или едноставно – Силвана Имам зад јавната слика во медиумите.
„Да го здробиме патријархатот!“ Нејзините сурови рап стихови се автобиографски и се строго фокусирани на нејзиниот сексуален идентитет, политиката и нејзиното имигрантско минато. Таа се опишува себеси како лезбејка, феминистка и антирасистичка панк раперка, а Шведска ја нарекува одвратна земја: конзервативна нација преполна со ксенофобија. „Силвана“ почнува во 2014 година, годината кога се пробива, и открива жена што во исто време е арогантна и несигурна.