СКРИШНО

СКРИШНО

Забавен и меланхоличен филм за она што се случува на маргините на професионалната фудбалска индустрија. Криејќи се зад луксузната фасада, професионалниот свет на фудбалот користи таканаречени „мајстори“ кои се задолжени за секојдневните потреби на играчите и ги решаваат сите можни проблеми што треба да се скријат од медиумите. Купиштата пари што доаѓаат со оваа работа привлекуваат алчност, додека владее еден вид фанатичен менталитет што создава многу кодифициран и заштитен свет од кој е невозможно да се побегне.

Франк го посветува сето свое време на институцијата за која знае сѐ и која му ја отвора вратата, а во исто време не му дава никаков статус. Платен во готово или во натура, тој ја одржува илузијата дека е дел од клубот.

Кристоф Режин се обидува да ги раскаже професионалните тајни на фудбалскиот бизнис преку мачниот пат на еден лик од сенките: Франк, поранешна надеж на провинциски фудбалски клуб кој никогаш не станал професионалец, оттогаш ја врши „валканата работа“ во заднина, без да добие признание. Филмот е мрачен и трагичен, ги претставува фрустрациите и илузиите згазени од суровата реалност, на ликови што постојано се соочуваат со свет на слава и сјај во кој сакаат да бидат вклучени. „Скришно“ е прекрасен, трогателен портрет на „заборавениот“ фудбал, за скршените мажи кои по секоја цена се држат до својот невозможен сон, наместо да се извлечат од стаклениот затвор што сами го создале.

По завршување на проекцијата на филмот ќе следи разговор со публика со Кристоф Режин-режисер на филмот „Скришно“