СРЕЌЕН КАКО ЛАЗАРО

СРЕЌЕН КАКО ЛАЗАРО

Прекрасниот, долго очекуван нов филм на Алис Рорвахер е интересна алегорија за љубовта, загубата и сочувството што ја истражува измачената душа на Италија.
На една рурална плантажа во Италија, нежниот Лазаро живее со семејството во постојан долг кон богатата маркиза. Исто како што маркизата ги експлоатира своите исполичари, така другите исполичари го искористуваат простодушниот Лазаро. Неговата лековерна природа ќе го привлече вниманието на самобендисаниот син на маркизата, Танкреди, кој гледа можност и го вплеткува Лазаро во смел план да ја измами мајка си. Раскажувањето на режисерката Алис Рорвахер е амбициозно како и сплетките на нејзините ликови. Во духот на Пазолини, фасцинантната приказна на Рорвахер ве маѓепсува и го потврдува нејзиниот статус на еден од најинвентивните и најубедливи гласови во современата италијанска кинематографија. Иако филмот можеше да биде едноставна италијанска неореалистична приказна за сиромаштијата, тој прераснува во волшебна алегорија со инспиративна приказна што ги искривува времето и просторот. Резултатот е моќен поетски филм што го зацврстува статусот на италијанската авторка како еден од најоригиналните гласови во филмот денес.