СТАОРЦИ ОД ПЛАЖА

СТАОРЦИ ОД ПЛАЖА

Френки води едноставен живот, живее во мала куќа во Бруклин со семејството. Продава дрога, што му е единствен извор на приход, а деновите ги минува во лудување со своите другари деликвенти. Осамен, отуѓен и замислен, Френки е наизменично шармантен и суров; на површина изгледа смирено, но внатре емоциите вријат. Се претставува како хетеро, но кога никој не гледа, се логира на геј сајт за состаноци и се среќава со мажи. Не им открил – и никогаш не би можел да им открие – на своите мачо другари што прави, кој е. Зборот „геј“ речиси и да не постои за Френки како можен идентитет.

„Не знам што сакам“, мрмори тој. Но тој не сака – или не може – да си признае себеси, додека размислува да има девојка, дека постојано го привлекуваат геј сајтови во потрага по постари мажи.
Исклучително моќниот, одличен втор игран филм на Елајза Хитман, кој имаше премиера на филмскиот фестивал „Санденс“, ја освои наградата за најдобра режија. Режисерката ја има дарбата на Клер Денис да најде ранливост во совршеното машко тело и еден вид мрачна поезија во чаламењето на тинејџерите. Снимен на 16 мм од француската кинематограферка Елен Лувар, филмот ве нурнува во речиси целосно сетилно искуство: снимен во фрагменти, мириси, звуци, бои, изгледот на кожата на сончева светлина. Посветеноста на Хитман на машкото тело на екранот е речиси опсесивна. Повеќето добри режисери и повеќето добри уметници се опсесивни. Нејзината опсесија создава моќна мешавина од еротика, насобрани чувства и старо, добро уживање во убавината.