СТОЛБ ОД СОЛ

СТОЛБ ОД СОЛ

Бремена девојка, која живее во еден вид пештера, ја бара исчезнатата сестра, но ова резиме не ги доловува шармот, богатството и радикалната природа на првиот игран филм на Бурак Чевик – сето тоа е резултат на слободата што ја има во создавање на екстравагантен филмски свет за да ја раскаже оваа приказна. Ова е повеќе концептуален филм отколку наративен, но го држи силно чувство на формална иновација и еднообразна, карактеристична текстура. „Столб од сол“ е приказна за потрага. Бремена жена, замрзната во времето, во прилично пусти места во Истанбул ја бара сестрата близначка, со која одамна загубила контакт. Тоа е филм што евоцира прашања за умирањето, неможноста да се умре, за раѓање на човечко суштество во хаосот на овој свет.

Ова е еден од оние филмови што е речиси премногу енигматичен на наративно ниво, но е визуелно прекрасен. Сонливиот начин на кој филмот прави дигресија за да ни покаже растение, филм со негативи или пинг-понг меч, значително придонесува за чудната фасцинација што ја развива. Некои работи остануваат мистериозни – што нѐ прави уште пољубопитни за тоа на што се однесуваат.