ТАКСИМ ХОЛДЕМ

ТАКСИМ ХОЛДЕМ

Четворица другари, играчи на покер од Истанбул, не ја откажуваат својата редовна партија само затоа што има немири во градот во комедијата на Мајкл Ондер.

„Таксим холдем“ е локална варијанта на „Тексас холдем“, игра на веројатност и психологија. Деби филмот на турскиот режисер Мајкл Ондер буквално и симболично ја инкорпорира играта во мрачна комедија за моралот, различните вредности и политичките немири. „Таксим холдем“ е омилената игра во саботната вечер на четворица другари во 30-тите години. Оваа недела играат кај Алпер, во стан блиску до централниот истанбулски плоштад Таксим. Но, ова не е ден како и сите други; антивладините митинзи ги мобилизираат граѓаните, меѓу кои и Дефне, вереницата на Алпер, а брутални судири со полицијата се случуваат веднаш под нивниот прозорец. Да ја откажат играта или не? Тоа е прашањето што ја движи оваа брза комедија. Алпер одбива да учествува на протестот и покрај инсистирањето на вереницата, тој сака само да игра покер.

Нивните пријатели почнуваат жестока дебата дали да учествуваат во протестите за да можат да ја почнат партијата. Кога играта ќе почне, протестот ескалира. И покрај противењето на Алпер, неговите пријатели ја отвораат вратата и им дозволуваат на луѓето однадвор да се засолнат во станот. Алпер е обвинет за себичност затоа што не сака да се меша во случувањата. Дискусиите се влошуваат под влијание на настаните. Сите зборуваат, но никој не слуша. Вистините за сите ликови се апсолутни, но тие вистини се различни. Целото дејствие се случува во клаустрофобична средина во дневната соба на Алпер, каде што повредените демонстранти доаѓаат и си одат (еден од нив може да е полицаец на тајна задача), а соседот намќор прави проблеми.

„Таксим холдем“со внимателно напишаните ликови и приказна нуди панорама на човештвото преку партија покер. Форматот е класичен, сценариото е добро и брзо и лесно е човек да се идентификува со ликовите. Филмот е понекогаш тешка, а понекогаш комична критика на ставови за кои сите мислат дека се исправни.

По завршување на проекцијата на филмот ќе следи разговор со публика со екипата на филмот