ТВРДИНА

ТВРДИНА

Рускиот историски спектакл „Тврдина“ е снимен според бестселерот на Алексеј Иванов. Приказната е сместена за време на реформите на Петар Велики кога империјата во подем жестоко го менуваше средновековниот провинцијализам во густите поларни шуми. Историјата на азискиот дел на Русија ја создаваа шведски затвореници, странци, трговци, кинески шверцери, шамани, избегани дисиденти, православни мисионери... Филмот е снимен во историското опкружување на модерен Тобољск и изобилува со возбудливи сцени на битки, раскошни костими, брилијантна глума на најголемите руски ѕвезди. Филмот го споредуваат со „Игра на тронови“ поради успешното комбинирање на повеќе жанрови.
Приказната го следи главниот лик, младиот офицер на новата гарда на Петар Први, Иван Демарин кој по наредба на царот оди на граница во Тобољск – првата престолнина на Сибир каде ја среќава својата прва љубов Маша Ремизова. Главните ликови се вовлечени во експедиција во потрага по златото на Јакаранд. На Петар Први му се потребни средства за војна против шведската војска. Нивната тврдина е опколена со ордите на војската Џунгар, и не им преостанува ништо друго освен да чекаат помош. Филмот содржи како фиктивни, така и вистински историски ликови како што се Семен Ремезов – познат сибирски картограф, историчар и архитект на Тобољск; Матвеј Гагарин – првиот сибирски гувернер; Иван Бачхолз – основач на градот Омск.
Во филмот се зборува на многу јазици, Кинезите зборуваат со бирократскиот јазик на кинеската елита, луѓето до Бухара зборуваат китнесто, старите верници зборуваат старословенски, бидејќи не го прифаќаат современиот јазик.
Писателот Алексеј Иванов го опишува филмот како доаѓање на Игра на тронови во сибирските предели.