ТЕТОВИРАЊЕ

ТЕТОВИРАЊЕ

Дејствието во филмот почнува со една апсурдна ситуација кога главниот лик Илија, по караницата со својата сопруга, си заминува од дома само со она што навистина го поседува, неговиот празен куфер. Обидувајќи се да најде мир, тој оди на железничката станица каде што им изгледа сомнително на неколку полицајци кои – од причини познати само за нив – го апсат. Во притворот, Илија со уште неколку други лица затворени истиот ден, се третирани „априори“ како криминалци. Заедно, тие се изложени на неверојатно драстично вербално и физичко малтретирање. Илија, свесен за својата невиност, не може да прифати да биде фрлен во затвор и очекува да биде ослободен, во меѓувреме тој се соочува со насилство од страна на затворските чувари и другите криминалци. Односот со сопругата за Илија добива нова димензија, а моментите на нивните состаноци му даваат поголема сила и упорност за пресврт на неговата среќа.