ТЕШКА БОЈА

ТЕШКА БОЈА

„Тешка боја“ го носи гледачот во турбулентниот двоен живот на Педро. Поради неговата сексуална ориентација бил малтретиран до точка на кршење, што резултира со правни компликации што му ја загрозуваат иднина. Преку ден тој е чудно, многу повлечено геј момче; ноќе е сексуално провокативен изведувач пред веб-камера, чие главно обележје во неговиот настап е флуоресцентна боја по телото, поради што го има и онлајн името Неонбој. Доаѓа до интересен пресврт, неговиот обидувајќи се да го зачува својот онлајн бренд од конкуренција, тој ќе се вљуби во неговиот соперник Лео.

Отуѓеноста е главната тема на овој филм, мрачна приказна за изолацијата во интернет ерата во Бразил. Филмот се фокусира на социјално репресирано момче кое се отвора само при настапите на интернет форумите. Режисерите Филипе Мацембакер и Марко Реолон играат со моментите на еротика, но ова не е филм за телесни фантазии; ова е меланхоличен поглед на тоа како последиците од малтретирањето, товарот на различноста и вештачката конструкција на интернет форумите ги уриваат социјалните врски. Филмот е добитник на годинешната награда „Теди“ на Берлинскиот филмски фестивал.