Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса

Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса

Креативна Европа МЕДИА Деск МК со гордост ви ја најавува интензивната тренинг програма предводена од Брајан Мекгил „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“ ќе се одржи на 23 и 24 април 2019, во соработка со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во рамките на 22. Скопски филмски фестивал.
Тренинг програмата има за цел да ги обучи и подготви македонските продуценти, режисери и сценаристи како најдобро да го пичираат својот проект и да се стекнат со конкретни вештини и знаења за пичинг, и воедно да го пичираат својот проект пред интернационалниот експерт Брајан Мекгил, кој ќе даде свои совети и препораки за секој проект поединечно.
Брајан Мекгил е шкотски сценарист, консултант и професор кој повеќе од 25 години пишува ТВ- серии за британска и француска телевизија, меѓу кои и за наградуваната серија Taggart . Мекгил работи како скрипт доктор, бил тутор за пичинзи на програмата ENGAGE – поддржана од Креативна Европа МЕДИА и читач на сценарија во Ирскиот филмски совет. Во својата кариера Брајан Мекгил има добиено награда од Сер Шон Конери, соработувал со продуцентите на филмот Seven и предава сценарио и пичинг на Screen Academy Schotland, Örebro University, Шведска и European Film College – Данска.
Оваа интензивна тренинг програма ќе ги зголеми капацитетите на македонските филмски продуценти, режисери и сценаристи за идно успешно претставување на своите проекти на: копродукциските форуми, филмски маркети, пичинг сесии и сл.
Тренинг програмата ќе се одвива целосно на англиски јазик.

 

Програма е поделена во два дела:

Вторник, 23 април 2019
Предавање на теми: „Зошто е важно да имате добар пичинг?“, „Како да го подготвите вашиот проект за пичинг?“, „Што да потенцирате, а што да игнорирате кога пичирате проект?“

Среда, 24-ти април 2019
Пичинг сесија – практични вежби за тимовите на пријавените проекти во развој
Наменета за:
продуценти, режисери и сценаристи на долгометражен филм во развој
продуценти, режисери и сценаристи кои во моментов имаат активни апликации за долгометражен филм во развој на првиот рок на „Конкурсот за поддршка на производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм“ објавен од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија на ден 23.1.2019.