ФИЛМ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

ФИЛМ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

ГОДИНА НА МАЈМУНОТ

Macedonia/Serbia /Slovenia/Kosovo, 2018, 109 min.
Режија/Director: Vladimir Blaževski
Улоги/Cast: Igor Angelov, Marija Kohn, Reshit Bereda, Faik Mefailovski, Cun Lajchi, Refet
Abazi, Tanja Kocovska, Aleksandar Kamnarovski, Peter Elliot
Сценарио/Screenplay: Vladimir Blaževski
Кинематографија/Cinematography: Dimo Popov
Продуценти/Producers: Darko Popov, Vladimir Blaževski
Продукција/Production: Punk Film

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода“. Цобе, поради општата економска криза и беда, добива отказ на своето работно место и ветување дека ќе го вратат на работа доколку успее да го пронајде и донесе назад одметникот.

Во измачената и со транзиција девастирана земја, се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарски стремежи, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка.

Апсурдно комичните перипетии од ловот по избеганото шимпанзо ги следиме делумно и од визурата на самиот Коко. Тој е некој вид огледало и нем сведок на тажно-смешниот свет, кој си го загубил компасот; и ненамерна причина на тоа трагикомично соочување на народот со сопствените стравови и фрустрации. Коко станува знаме на побуната, на непослушноста и на сето она што обичниот човек во една сиромашна земја не може да биде.