ВИСТИНСКАТА ИСТОРИЈА НА БАНДАТА КЕЛИ

ВИСТИНСКАТА ИСТОРИЈА НА БАНДАТА КЕЛИ

United Kingdom/Australia, 2019, 124 min.
Режија: Justin Kurzel
Улоги: George MacKay, Essie Davis, Nicholas Hoult, Orlando Schwerdt, Thomasin McKenzie
Сценарио: Shaun Grant

Во овој фиктивен портрет на најпознатиот австралиски одметник, легендарниот Нед Кели, како да се среќаваат Лудиот Макс и Џеси Џејмс. Ова е приказна за подемот и падот на озлогласениот австралиски бандит, проблематичен бунтовник која заврши со неконвенционална, визуелно спектакуларна пресметка. Тој расте во бунтовничко ирско имигрантско семејство и постојано е во судир со британските колонијалистички сили што ја окупирале неговата татковина и ги понижиле неговите родители. Собира банда за да организира бунт против британската репресија, а многу австралиски доселеници ги поздравуваат неговите подвизи против Британците.

Филмот не се фокусира толку на грабежите на банки и на потерите, туку на моќните врски и историската несфатливост на ликот на Нед Кели. Дали тој бил антиколонијалистички Робин Худ што се противи на британскиот угнетувач, анархист во фустан или едноставно насилен криминалец?

Со неговата дива орда воини го планира можеби најсмелиот напад на анархија и бунтовништво во историјата на земјата, што води кон епска, крвава крајна пресметка.
Возбудлив и брутално визуелен, филмот ја прикажува државата Викторија како Дивиот Запад од крајот на 19 век без јасни граници меѓу оние што го прекршуваат законот и британските колонизатори што би требало да го спроведуваат. Тој живеел само 25 години, но тоа било доволно неговата приказна да стане австралиска легенда.