ХОТЕЛ МУМБАИ

ХОТЕЛ МУМБАИ

Тема на филмот се терористичките напади во Мумбаи во 2008 г., кога исламистички
милитанти од Пакистан запоседнаа неколку локации во најголемиот индиски град, меѓу кои и хотелот „Таџ Махал Палас“, каде што се одвива најголемиот дел од филмот. Примарна цел се Индијците и богатите западњаци, кои се надеваат дека ќе го привлечат вниманието кон нивната кауза. Базиран на стотици часови истражување на режисерот Марас и косценаристот Џон Коли, кои ги интервјуирале преживеаните и сведоците на ова тридневно премрежие, „Хотел Мумбаи“ има за цел да претстави веродостојна слика за она што навистина се случило во тој период, кога 10 терористи од индиската метропола направија место на паника и ужас. „Хотел Мумбаи“ е пеколен портокал кој е тешко да се гледа, со ужасно насилство кое почнува на главната железничка станица во градот и одма се префрла во хотелот што ги отвора вратите за жртвите во бегство (и напаѓачите што се измешани меѓу нив).
Вознемирувачки е, благо кажано, да се гледа како се движат терористите низ хотелот и убиваат луѓе (честопати многу пластично) како да тепаат муви, единствено правејќи пауза само за да јадат од оставената храна низ ходниците на хотелот.
Авторите на „Хотел Мумбаи“ не ја обработуваат причината за нападот, во фокусот се вработените во хотелот кои им помогнале на некои од жртвите да преживеат. Тоа не се секогаш луѓето на чиј живот, и на чии жртви, помислуваме – дури и не ги забележуваме – кога престојуваме во отмени хотели. Постои тивок радикализам кога се снима филм што, во суштина, е за нив. Одличен дебитантски филм на австралискиот режисер Ентони Марас, бравурозна режија со воодушевувачки кадри и фотографија, со визуелно впечатлива естетика и извонредна камера на снимателнот Ник Р. Метјуз.
Филмот е проследен со 10-минутни овации на фестивалите во Кан и Торонто.