„ГОДИНА НА МАЈМУНОТ“ ГО ОТВОРИ 21. ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

„ГОДИНА НА МАЈМУНОТ“ ГО ОТВОРИ 21. ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

Фестивалот за отворен го прогласи режисерот Владимир Блажевски. Посакувајќи му успех на ова издание на фестивалот, тој рече дека се надева дека ќе стане традиција Скопскиот филмски фестивал, секоја година да се отвара со премиера на македонски филм.

По проекцијата на „Година на мајмунот“, екипата на филмот на чело со режисерот Блажевски и актерот Игор Ангелов, кој ја толкува главната улога се поклонија пред публиката која ги поздрави со бурен аплаузи овации.