Детска програма

„Креираме заедно"

„Скопје филм фестивал“ и  Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава преку програмата „Креираме заедно“, за прв пат ги вклучуваат и децата во креирањето на фестивалската програма.
Детската филмска програма на „Скопје филм фестивал“ ќе понуди филмови наменети за сите деца кои се обидуваат да урнат некои табуа и стереотипи за луѓето со попреченост. 
Во програмата  учествуваа ученици со и без попреченост на возраст од 9 до 14 години од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица кои во духот на самозастапување говореа за себе и својот свет преку работилниците за фотографија, видеозапис и ликовно решение за плакатот на детската програма. Креативните работилници ги водеа уметниците: Ване Костуранов (плакат), Наташа Гелевска (фотографија) и Јане Алтипармаков (видеозапис).
Проектот  се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

                             Проектот е финансиран од Европска Унија

 
ВНУКА

ВНУКА

Argentina, 2014, 5 min.

Режија/Director: Nicolas Villarreal

Анимиран филм

ЈАЖИЊА

ЈАЖИЊА

Spain, 2014, 10 min.

Режија/Director: Pedro Solis Garcia

Анимиран филм

МОЕТО БРАТЧЕ ОД МЕСЕЧИНАТА

МОЕТО БРАТЧЕ ОД МЕСЕЧИНАТА

France, 2008, 6min.

Режија/Director: Frédéric Philibert

Анимиран филм

НАЈСРЕЌНИОТ ДЕН

НАЈСРЕЌНИОТ ДЕН

UK, 2010, 5 min.

Режија/Director: Alan Deakins

Улоги/Cast: Otto Baxter

НОВОТО ДЕВОЈЧЕ ЗАЈАЧЕ

НОВОТО ДЕВОЈЧЕ ЗАЈАЧЕ

Australia, 2015, 6 min.

Режија/Director: Natalie van den Dungen

Улоги/Cast: Peter Fenton, Molly Williams, Susan Prior, Cassidy Bonnor, Joshua Skelly

СПЕКТАР: АУТИЗАМ ПРЕКУ АНИМАЦИЈА

СПЕКТАР: АУТИЗАМ ПРЕКУ АНИМАЦИЈА

USA, 2015, 6 min.

Режија/Director: Jill Jones

Анимиран филм

ТРАНСПОРТ

ТРАНСПОРТ

Czech Republic, 2015,9 min.

Режија/Director: Miloš Zvěřina

Анимиран филм

ЏИМИ

ЏИМИ

Brazil, 1998, 2 min.

Музичко видео