НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

Синоќа во кино Милениум, како дел од Програмата Македонска продукција, се одржаа премиерни проекции на неколку краткометражни македонски филмови.

Првиот краток филм на Ханис Багашов „Мишко“, потоа филмот „Водата“ на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, кој е копродукција помеѓу Македонија, Албанија и Мексико. „Последните камбани“ на режисерот Николче Поповски и „Другиот“ на Батухан Ибрахим. Исто така и „Благословена“ во режија на Милиана Ленак, продукција на ФАМУ и Квазар филм. По проекциите, авторите и екипите на филмовите се поклонија пред публика и кратко ги претставија своите филмови.

Исто така во Милениум се одржа скопската премиера на кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски, копродукција меѓу Црна Мачка Продукција и Скопје Филм Студио. Филмот беше прикажан на 38. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, каде ја освои наградата Мала камера 300 по што следуваа престижните фестивали во Санденс, каде му беше доделена наградата Најдобар интернационален краток филм и 40. Клермон-Феран фестивал за краток филм, најпрестижниот фестивал на светско ниво посветен на краткиот филм.